Mинистерот Музафер Бајрам се сретна со амбасадорката Брнз

Министерот Музафер Бајрам оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз. 

На почетокот на средбата амбасадорката Брнз беше информирана за состојбата на ромската заедница како и за потребата од зајакната координација на планирање и финансирање на активности и политики кои придонесуваат за подобрување на положбата на Ромите. 

Во рамки на средбата, беше дискутирано за политиките за подобрување на состојбата на Ромите во Република Северна Македонија, зајакнувањето на регионалната соработка како и за проблемите со кои се соочуваат Ромите на полето на образование и вработување. 

Исто така амбасадорката Брнз беше информирана и за планираните активности во насока на исполнување на целите и приоритетите за подобрување на положбата на оваа заедница. 

На крајот на средбата амбасадорката Брнз ја потенцираше заложбата и поддршката на САД како партнер во процесот на интеграција на Ромите во сите сфери на општеството.