Владина делегација предводена од премиерот Спасовски во дводневна посета на Брисел

На 17-18 февруари 2020 г., владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, ќе реализира повеќе активности во рамки на дводневната агенда, за време на посетата на Брисел.

Премиерот Спасовски ќе има свое обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската Комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји.

Календар Влада: 
Monday, February 17, 2020 - 00:00 to Tuesday, February 18, 2020 - 23:45