Јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Утре, 20.2.2020 (четврток), во Свечената сала на Владата, со почеток во 14:00 часот, во организација на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците  Илхан Рахман и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците.
 

Календар Влада: 
E enjte, Shkurt 20, 2020 - 14:00 to 15:00