Повик за пријавување на хакатон

Институција која огласува: 
Министерство за информатичко општество и администрација
Рок на пријавување: 
09.03.2020

Министерството за информатичко општество и администрација и Фондација Метаморфозис за првпат организира Хакатон за отворени податоци, овозможен преку поддршката на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество и Фондот за иновации и технолошки развој.

Oвој 48-часовен предизвик има за цел да собере и поттикне млади, креативни и иновативни луѓе да изработат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Креираните алатки ќе треба да ги доближуваат отворените податоци објавени од државните институции до граѓаните.

Крајниот производ се алатки креирани од граѓаните за граѓаните.

На настанот може да се пријави секое лице со наполнети 18 години, поединци или тимови кои имаат пасија да работат со обработка и прикажување на отворени податоци од различни области. Потребно е секој тим да биде составен од членови кои имаат познаења во развој на веб-апликации, дизајн, софтвер, економија, бизнис и маркетинг и мултимедија.

Хакатонот, покрај креативноста ќе поттикне и претприемничко размислување кај младите. Простор за хакатонот ќе обезбеди Фондот за иновации и технолошки развој додека АД Македонски Телеком ќе овозможи искористување на награден фонд од 5000 евра за најдоброто решение.

Хакатонот за отворени податоци ќе се одржи од 13 до 14 март 2020 година, а пријавувањето на поединците или тимовите ќе трае до 09 март 2020 год. Регистрацијата е по електронски пат на следниов ЛИНК.

Пријавените учесници ќе имаат можност да се запознаат со деталите и концептот на предизвикот за време на буткамп кој ќе се одржи на 12 март 2020 г. во Скопје.