Најава за настаните по повод одбележувањето на годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со положување венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски, Владата на Северна Македонија утре, 26 февруари, ќе ја одбележи 16 годишнината од неговата смрт.

Министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, што ќе се одржи на 26 февруари во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа.

Покрај министерот Адеми, во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.

На одбележувањето на годишнината од смртта на претседателот Трајковски е најавено присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје (26 февруари, во 11:00 часот).

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, свежо цвеќе ќе положи владина делегација во состав Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Елизабета Наумовска, заменичка министерка за образование и наука, и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа

Календар Влада: 
Wednesday, February 26, 2020 (All day)