Премиерот Спасовски во работна посета на Општина Ранковце

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски утре, (27.2.2020) во 13:00 часот ќе престојува во работна посета на Општина Ранковце. 

Премиерот Спасовски ќе ја искористи посетата за да изврши увид на реконструираните простории за промоција на туристичките атракции кои се наоѓаат во зградата на Општината Ранковце и ќе се обрати пред присутните.

Календар Влада: 
Thursday, February 27, 2020 - 13:00 to 14:00