Покана за медиумско проследување на спортскиот настан „Играј фер”, во организација на Агенција за млади и спорт

На фудбалското игралиште Локомотива ќе се одржи спортскиот настан „Играј фер”, во организација на Агенција за млади и спорт.

„Играј фер” е настан на кој 35 ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес ќе одржат заеднички фудбалски тренинг заедно со спортските ѕвезди Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ.

Целта на овој настан е запознавање, вмрежување и интегрирање на млади кои не доаѓаат од иста средина, како и надминување на стереотипите, зголемување на меѓусебната толеранција на млади од различни етнички средини и нивно поврзување преку фер спортска игра.

На почетокот на настанот изјави за медиумите ќе дадат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ.

Календар Влада: 
E shtunë, Shkurt 29, 2020 - 13:00 to 14:00