Службен Глас #4
Отвори во прелистувач | Verzioni shqip | ||||||||
Институциите се подготвени за справување со Коронавирусот |
||||||||
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци: • Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо – образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена. Се прекинуваат и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично. • За спроведување на оваа мерка еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, ќе бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски. • Да се забранат масовни собири и настани на отворен и затворен простор, како и сите културни настани и манифестации на територијата на Република Северна Македонија, со над 1000 учесници, во наредните 14 дена. Владата препорачува неодржување на јавни настани на кои се очекува присуство до 1000 учесници. • Да се воведе задолжителна самоизолација на сите лица кои доаѓаат од високо и средно ризичните држави, во период од 14 дена. Повеќе информации за степенот на ризик на земјите за патување, можете да најдете на следниот линк. • Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација. • Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: • Хронични респираторни заболувања; Сите препораки на Владата можете да ги најдете на следните линкови
Заклучоци од 15та седница на Влада на РСМ Заклучоци од 16та седница на Влада на РСМ
|
||||||||
|
||||||||
Овој билтен е дел од стратегијата за внатрешни комуникации на Владата на Република Северна Македонија. Истиот е изработен во соработка со Британската амбасада во Македонија и тимот за комуникации на британската влада. |