Премиерот Спасовски денеска ќе учествува на видео конференцијата на Самитот за Западен Балкан 2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска (вторник, 17.03.2020 година), ќе учествува на видео конференцијата на Самитот за Западен Балкан 2020, под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.

На оваа видео конференција, на која ќе учествуваат сите премиери од земјите на Западен Балкан, и еврокомесарот за еврососедска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, ќе се разговара за соработката на актуелни прашања од интерес на граѓаните од регионот и за проширувањето на ЕУ.

Календар Влада: 
Вторник, Март 17, 2020 - 11:00 to 12:30