Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.
Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.
Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.
Податоците потребно е да ги достават секој ден - најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.
Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.
Образецот на табелата е во прилог на ова известување.
За вработените во здравствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и меил. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.
Образецот на табелата е во прилог на ова известување.
Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.
За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.
Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).
За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.
Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).
За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:
- тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
- фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
- име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk .
За погребалните правни лица се потребни следните информации:
- име и презиме, матичен број, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.
Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).
За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работната седмица.
Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk
За вработените во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум, како и за вработените во приватни фирми кои работат во смени (периодот меѓу 21:00 часот и 6:00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.
Во прилог образец/потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде за вработените кои е неопходно да работата во смени, односно после 21:00 часот. Образецот, вработениот има обврска да го покаже при идентификација, на службеното лице од Министерството за внатрешни работи.
Овие обрасци служат како дозвола за движење единствено од домот до работното место и назад.