Од утре во општина Куманово стапува во сила одлука за забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Владата на Република Северна Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.

Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.

Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот.

Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме.