Република Северна Македонија денеска и официјално станува полноправна членка на НАТО

На 27.03.2020 во Стејт департментот преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Вашингтон ќе се депонира инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор и по тој повод министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе има видео „средба“ со амбасадорот Филип Рикер во 16:30 часот, по кој ќе следи соопштение и изјава за медиумите. Изјава за медиумите ќе има и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со почеток во 17:00 часот.

Календар Влада: 
E premte, Mars 27, 2020 - 16:30 to 18:30