Економскиот совет при Владата денеска одржа состанок на кој беше разгледан дополнителниот пакет мерки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика коронавирусот

Економскиот совет, кој работи на иницијатива на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, денеска го одржа вториот состанок на кој го разгледаа дополнителниот пакетот мерки кој го предлага владата за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од блокадата на реалниот сектор што го предизвика коронавирусот.

На состанокот учествуваа и заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања и за координација на меѓународната помош, Бујар Османи, министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, техничката заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, како и генералната гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска.

Членовите на економскиот совет, со претставници од стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, на состанокот ги дадоа своите мислења и понудија дополнителни укажувања, насоките и препораки, како и нови предлози за да се креира ефикасен пакет за да се спречи драматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор, како и врз стандардот на граѓаните.

Премиерот Спасовски на крајот од состанокот се заблагодари за укажувањата, препораките и новите предлози, и истакна дека Владата останува отворена и за дополнителни укажувања до затворањето на пакетот економски мерки кои ќе бидат донесени на една од првите наредни седници.