ЈАВЕН ПОВИК за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
03.04.2020

  1. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е организирањеавионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

 

  1. ДЕСТИНАЦИИ ЗА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ
  • Скопје - Лондон – Скопје (180 патници)
  • Скопје –Брисел –Париз –Скопје (180 патници)

Летот Скопје –Лондон - Скопје треба да биде организиран на 06.04.2020 година (понеделник).

Летот Скопје –Брисел –Париз –Скопје треба да биде организиран на 09.04.2020 година (четврток).

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организирачартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.

 

  1. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
  • Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.

 

  1. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Понудите да седостават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk

 

  1. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Крајниот рок за доставување на понудите е 03.04.2020 година до 14:00 часот. 

Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

  1. ПОДМИРУВАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ ОД СТРАНА НА ПАТНИЦИТЕ

Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат превземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:

Назив на примач: 

Буџет на Република Северна Македонија
Транс.сметка 100 000000063095
Сметка на корисник   630010001963019
Приходно конто   725939  00
Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.

Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.

 

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИИ

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3117-857.