Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.
Адресата на новата владина „Коронавирус МК” веб-страница е koronavirus.gov.mk, на која граѓаните ќе можат да се информираат за сите апели, совети, препораки и забрани со цел спречување на ширењето на вирусот, како и за медицински насоки во случај да почувствуваат симптоми, но и како да обезбедат психолошка поддршка во време на самоизолација. На веб-страницата постои и секција за економските мерки, на која ќе бидат објавувани сите уредби за начините на искористување на мерките од страна на фирмите и работниците, со цел спасување на работните места во државата.
Веб-страницата „Коронавирус МК” е придружена и од мобилни апликации (за Android и iOS) за поедноставен пристап, преку кои редовно ќе се испраќаат нотификации до граѓаните кои на својот смарт-телефон ќе ја инсталираат оваа апликација, поврзани со дневните апели на Владата за почитување на мерките, најави за прес-конференции, потсетувања за активните мерки и забрани и други информации во корист за граѓаните. Апликациите ќе можат да се преземат од www.koronavirus.gov.mk/app.
Под името Коронавирус МК / Koronavirus MK, Владата отвори и Фејсбук, Инстаграм и Твитер страници на социјалните мрежи, кои се достапни на следните линкови:
www.facebook.com/koronavirus.
www.instagram.com/koronavirus.
www.twitter.com/KoronavirusMK