Од 35-тата седница на Владата: Општинскиот кризен штаб на Куманово да определи маркет од кој на граѓаните на општината ќе им се доставуваат неопходни артикли преку системот на волонтери за време на викенд

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 35-тата седница на која го разгледа и усвои записникот од деветнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, кој се одржа непосредно пред седницата на Владата.

Врз основа на информациите за воведената забрана за движење во Општина Куманово за време на викендот од петок во 21:00 часот до понеделник во 05:00 часот, Владата го задолжи Општинскиот кризен штаб на општина Куманово да определи економски оператор, односно маркет од каде што ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, согласно приоритетните барања на граѓаните за време на забраната за движење на подрачјето на Општина Куманово, во деновите сабота и недела.

За оваа цел, се задолжува Општинскиот кризен штаб на општина Куманово, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намириници до домовите на граѓаните.

Владата ги задолжи сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерски друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, им укажува на единиците на локалната самоуправа, на јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, и им препорачува на приватните компании, на граѓаните од Куманово кои работат во други градови, работното време во деновите од понеделник до петок да им завршува во период од 14:30 до 15:00 часот за да им се им обезбеди доволно време за да стигнат до своите домови до стартот на полицискиот час кој во овој град од идната недела, секој ден до деновите на викендот ќе започнува во 16:00 часот.

На оваа седница на Владата е донесена Уредбата со законска сила за утврдување на исплаќање на финансиска поддршка за сите спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траење на вонредната состојба.   

Уредба со законска сила за престанување на важење на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба

Уредба со законска сила за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица од областа на спортот и спортска администрација за време на вонредната состојба

Извадок од Нацрт – записникот од 35-та седница на Владата на Република Северна Македонија, Точка 1