Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 663 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје – 273
- Куманово – 143
- Дебар – 49
- Штип – 20
- Прилеп –46
- Тетово – 30
- Струга – 30
- Велес – 18
- Битола – 8
- Охрид – 3
- Кавадарци – 3
- Гостивар – 4
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка – 3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 19
- Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет – 8, Авицена – 19 , Биотек – 24 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на КОВИД-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.