Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.
Од Клиниката се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје 28
Куманово 44
Дебар 2
Штип 1
Прилеп 11
Тетово 5
Струга 1
Велес 4
Битола 6
Кавадарци 1
Гостивар 2
Кочани 1
Кичево 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје 367
Куманово 306
Дебар 51
Штип 32
Прилеп 100
Тетово 48
Струга 50
Велес 40
Битола 15
Охрид 7
Кавадарци 4
Гостивар 12
Гевглелија 4
Струмица 2
Крива Паланка 4
Радовиш 4
Крушево 3
Кочани 26
Пробиштип 2
Кичево 2
Неготино 2
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ - 468, преку Ветеринарен факултет - 21, Авицена - 22, Биотек - 23 и Филип Втори (Жан Митрев) - 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.