Потврдени 36 нови случаи на КОВИД-19 – вкупно во земјата дијагностицирани 1117 пациенти, починати 3 лица - оздравени се 18 пациенти

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил позитивен на КОВИД-19. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 22, Куманово 4, Прилеп 3, Струга 3, Велес 3, Битола 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД 19 во нашата земја изнесува 1117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

  • Скопје 389
  • Куманово 310
  • Дебар 51
  • Штип 32
  • Прилеп 103
  • Тетово 48
  • Струга 53
  • Велес 43
  • Битола 16
  • Охрид 7
  • Кавадарци 4
  • Гостивар 12
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 4
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 26
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 2

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ - 230, преку Ветеринарен факултет - 20, Авицена - 22, Биотек - 35 и Филип Втори (Жан Митрев) - 130. Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на КОВИД-19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно 7 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 8 ковид позитивни пациенти, од кои 3 лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.