Министерството за здравство информира дека денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, 6 испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 13, Куманово 9, Прилеп 9, Тетово 4, Струга 2, Велес 12, Битола 2, Македонски Брод 2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1170. По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 401
- Куманово 320
- Дебар 51
- Штип 32
- Прилеп 112
- Тетово 52
- Струга 55
- Велес 55
- Битола 17
- Охрид 7
- Кавадарци 4
- Гостивар 12
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 4
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 26
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 2
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ - 493, преку Ветеринарен факултет - 15 , Авицена - 8, Биотек - 0 и Филип Втори (Жан Митрев) 120 и Систина со PCR метода - 61. Досега во земјата се направени вкупно 11.556 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 3 пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени 5 нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени 8 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.
Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.