Во текот на изминатото деноноќие (21/22.04.) на територијата на државата, според евидентираните податоци, на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација. Истовремено од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.
По однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.