Оздравени се 111 пациенти, потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани 1465, починати 4 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје 13, Куманово 74, Штип 1, Прилеп 18, Битола 1, Охрид 1, Крива Паланка 1, Пробиштип 1 и Демир Хисар 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 5, Куманово 5, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2 и Неготино 2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје 498
  • Куманово 389
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 150
  • Тетово 82
  • Струга 66
  • Велес 71
  • Битола 19
  • Охрид 15
  • Кавадарци 5 
  • Гостивар 17
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 5
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 9
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 2
  • Делчево 1
  • Валандово 1
  • Виница 2

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ 287, Ветеринарен факултет 11, Авицена 14, Биотек 20, Филип Втори (Жан Митрев) 23, Систина со PCR метода 21 и МАНУ 10. Досега во земјата се направени вкупно 16.436 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика. 

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид 19.