Владата на Република Северна Македонија на 51-вата седница го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Стабилизирањето на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирус не воведе во новото нормално, кое во овој случај подразбира и прилагодување кон изменет начин на работа со воспоставување на работните активности на начин кој ќе гарантира почитување на препорачаните мерки и протоколи за работа кои ќе обезбедат превенција и спречување на појава и ширење на КОВИД-19.
Заради ваша безбедност и зачувување на јавното здравје, земете го предвид и почитувајте го протоколот при вашето следно организирање и одржување на работни состаноци, обуки курсеви и семинари.