Премиерот Спасовски, вицепремиерот Османи и министерот Филипче ќе присуствуваат на предавање на донација за Министерството за здравство

На 22.05.2020 година со почеток во 12:30 часот, во дворот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче ќе присуствуваат на предавање на донација на неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата.

Календар Влада: 
Петок, Мај 22, 2020 - 12:30 to 13:30