Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.

Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата. 

Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.