Со реконструкција на спортската сала „Зоран Стојановски“, Општина Ресен добива модерно место за рекреативно и професионално спортување

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска направи увид во завршните активности на реконструкцијата на спортска сала ,,Зоран Стојановски".

Оваа реконструкција е според современи практики и стандарди, ќе ги исполнува сите предуслови за домашни и меѓународни натпревари и спортски случувања, а завршните зафати и подготовката за употреба ќе завршат овие денови.

,,Како Агенција за млади и спорт заедно со општината ја реконструиравме оваа сала која е симбол на спортот. По целосната реконструкција на салата, верувам дека сите спортски љубители и многу граѓани ќе се рекреираат тука. На тој начин ќе придонесеме да се развијат сите спортски предуслови во Општина Ресен и повторно ќе се радуваме на успесите на Р.К. Преспа. Благодарност до Општина Ресен за поддршката и партнерството во процесот“, изјави директорот Каевски.

Со реконструкцијата на спортската сала ,,Зоран Стојановски“, која изнесува 7.759.682 милиони денари, Општина Ресен добива еден сосема поинаков модерен лик и место за сите граѓани за рекреативно и професионално спортување.