МВР: Во изминатото деноноќие евидентирани 585 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 186 решенија за изолација и 52 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (31.05/01.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Исто така по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 585 прекршоци.