Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 1264, активни 658
- Куманово 556, активни 140
- Дебар 52, активни 1
- Штип 174, активни 136
- Прилеп 218, активни 27
- Тетово 281, активни 119
- Струга 98, активни 25
- Велес 144, активни 30
- Битола 30, активни 3
- Охрид 31, активни 14
- Кавадарци 6, активни 1
- Гостивар 50, активни 29
- Гевгелија 6, активни 2
- Струмица 5, активни 2
- Крива Паланка 7, активни 1
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 51, активни 20
- Пробиштип 5, активни 3
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 0
- Берово 2, активни 1
- Валандово 3, активни 2
- Виница 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 3, активни 1
- Свети Николе 3, активни 2
- Кичево 3, активни 1
- Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 854 теста се преку: ИЈЗ – 440, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек - 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со PCR метода – 81 и МАНУ - 60. Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаи:
- Чаир 152
- Бутел 59
- Гази Баба 58
- Аеродром 53
- Сарај 52
- Центар 52
- Карпош 40
- Кисела Вода 29
- Арачиново 23
- Студеничани 18
- Ѓорче Петров 17
- Илинден 17
- Шуто Оризари 12
- Петровец 6
- Чучер Сандево 3
- Сопиште 2
- (се утврдува општина) 1