63-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Денеска, (вторник, 9.6.2020 година), со почеток во 14:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница преку видео-конференциска врска.

На 63-тата седница, меѓу другото, на дневен ред се Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година и Предлог-програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година, поднесени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Една од точките на дневниот ред на денешната седница е и Предлог-програмата за изменување на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за оваа година, на предлог на Министерството за економија.

За заклучоците од седницата ќе информираме со соопштение по нејзиното завршување.

Календар Влада: 
Tuesday, June 9, 2020 - 00:00 to 23:45