МВР: Во изминатото деноноќие (13/14.06) евидентирани 845 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 217 решенија за изолација и 63 за самоизолација

 

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано  дека три лица не ја почитувале мерката за изолација. 

Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 845 прекршоци.