Во испораката на медиумскиот пакет од прес конференцијата на Инспекцискиот совет што денеска се одржа во Владата на Република Северна Македонија, како резултат на ненамерна грешка беше прикачена и фото-монтажа преземена преку интернет која на ниту еден начин не е дел од службените официјални фотографии од настанот.
Грешката беше увидена во рок од неколку минути после што следеше корекција на испораката до медиумите.
Веднаш се реализирани разговори со лицата задолжени за испорака на медиумските содржини од активностите на Владата и констатирано е дека при прикачувањето на фотографиите од настанот направена е грешка и приложена е и фото-монтажа преземена преку интернет која е дел од приватна архива на службеникот задолжен за подготовка и испорака на медиумските содржини.
Преземена е веднаш постапка за утврдување на одговорноста и на лицето што ја направи оваа ненамерна грешка и ќе му биде одредена дисцплинска мерка.
Владата се извинува на сите приватни и јавни субјекти кои може да се најдат засегнати од оваа грешка.