Потпишан договор за донација со Чешката Република за припадниците на Армијата

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути, денеска во  Министерството за одбрана, го потпиша Договорот за донација од МО на Чешката Република претходно потпишан од страна на чешкиот заменик министер за одбранбена политика и стратегија, Радомир Јахода.

На потпишувањето на Договорот, присуствуваше амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Н.Е. Мирослав Томан.

Пред самото потпишување, заменик министерот Максути изрази голема благодарност за огромната поддршка од страна на Чешката Република, истакна дека соработка која двете земји ја имаат изминативе години е на високо ниво и дека очекува истата да се продлабочи во наредниот период. Тој во оваа прилика кажа дека Армијата одигра клучна улога во реализацијата на мерките на Владата при справувањето на пандемијата и уште еднаш се заблагодари за оваа донација во вкупна вредност од околу 190.000 евра, која е наменета токму за нашите припадници.

Донација ќе допринесе за развојот на капацитетите на единицата за атомско, биолошко, хемиска одбрана (АБХО).