Премиерот Спасовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Макрадули на увид во работите на детската градинка „Калинка“ во општина Гази Баба

На 07.07.2020 година со почеток од 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски ќе извршат увид во работите на детската градинка „Калинка“ во населба Железара, Општина Гази Баба.

Календар Влада: 
Вторник, Јули 7, 2020 - 11:00 to 12:00