Груевски: Продолжува поддршката од државата за набавка на земјоделска механизација

Продолжува поддршката за набавка на земјоделска механизација со 50 проценти учество на државата, мерка за која  државата во минатата и оваа година вложува  4 милиони евра, информира денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи за проширување и рекоснтрукција на улицата „Првомајска“.

Според Груевски, реализацијата на проектот за набавка на земјоделската  механизација  се одвива добро. Во 2011  година се завршени сите активности согласно планираното, а   за годинава е планиран значаен  дел од проект. - Се заедно  ќе има доделување  околу  четири милиони евра во поддршка на земјоделска механизација, под услови  кои се зацртани во нашата програма, а тоа  е 50 проценти учество на државата, а  50 проценти на тој што ги набавува, изјави Греувски.

Поддршката од државата, смета тој, е голема помош за македонските земјоделци, но и изборно ветување кое се реализира.

- Многу земјоделци ќе  можат со многу  поевтина цена, со половина од вистинската цена, практично да набават земјоделска механизација,  да го обработуваат земјиштето и да добијат поголем принос,  поголема  заработувачка, а со тоа и државата да одбие поголем извоз, поголемо земјоделско  производство, рече Груевски и додаде дека  воедно  ќе овозможи и поголем број вработувања.

Тоа, истакна, е една од причиниое зошто посветуваме избвонредно  големо внимание, но и пари за земјоделството. Годинава се предвидени 130 милиони евра и веќе почнаа да се исплаќаат за субвенции, а минатата година  беа 115 милиони евра. Средствата  за набавка на механизиација се дополнителни, укажа премиерот.

Тој информира дека се работи на обезбедување  дополнителни средства преку ИПАРД програмата  на Европската унија, кои исто така ќе бидат наменети за набавка на земјоделска механзиација.

Најавата за изградба на  нов објект на болницата за деца во Козле, Груевски  очекува на крајот на месецов или на почетокот на следниот, избраната компанија на тендер да ги почне градежните  работи.

Изградбата на новиот објект што треба да заврши за две години ќе  чини седум милиони евра. Тоа ќе биде исполнување на  едно од ветувањата на Владата.

- Детската болница во Козле којашто беше сместена  во руинирани стари бараки од пред неколку десетици  години ќе  добие нов објект, а предвидена е и набавка на целосен ентериер, мебел и се што е потребно  да функционира  како модерна болница којашто ќе ги згрижува децата кои имаат потреба од тоа, изјави Груевски.