МТСП: Грижата за најмладите ни е висок приоритет, исплатен образовен додаток за над 26 илјади деца, бројот на корисници континуирано расте

Министерството за труд и социјална политика информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за четвртиот мерен период, за 26.050 деца. Со оваа исплата, образовен додаток добија над 2.000 деца повеќе.

Континуирано го зголемуваме опфатот на деца со образовен додаток. Се грижиме за секое дете и не дозволуваме здравствено-економската криза да се одрази на најмладата популација, која е иднината на оваа земја. Затоа и во исклучително сложени услови ја зголемуваме поддршката за кој поединец, за секое семејство. Многу е значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна помош и затоа Владата донесе уредба со кој престана важењето на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование, за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година. Тоа беше со цел да го олесниме пристапот до овие права.

Една од придобивките на социјалната реформа е што повеќекратно го зголемивме бројот на деца корисници на ова право. Споредбено, пред реформата, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесуваше 2.877.