Денеска се регистрирани 155 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 11554, оздравени се 127 пациенти – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-11, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-4, Тетово-10, Струга-3, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-14, Гостивар-22, Гевгелија-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Македонски Брод-5, Виница-2, Кичево-3, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.

Починати се 2 лица, пациент од Скопје (80г.) и пациент од Штип (74г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11554,  бројката на оздравени пациенти е 7607, на починати е 519, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3428. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5051, активни 1241
  • Куманово 1125, активни 254
  • Дебар 210, активни 119
  • Штип 923, активни 371
  • Прилеп 341, активни 45
  • Тетово 1081, активни 196
  • Струга 473, активни 190
  • Велес 227, активни 20
  • Битола 154, активни 70
  • Охрид 294, активни 86
  • Кавадарци 97, активни 75
  • Гостивар 535, активни 300
  • Гевгелија 24, активни 13 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
  • Струмица 39, активни 23
  • Крива Паланка 25, активни 11
  • Радовиш 29, активни 6
  • Крушево 16, активни 7
  • Кочани 108, активни 20
  • Пробиштип 59, активни 17
  • Демир Хисар 40, активни 30
  • Македонски Брод 47, активни 38
  • Пехчево 6, активни 0
  • Берово 8, активни 4
  • Валандово 7, активни 1
  • Виница 28, активни 24
  • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 14, активни 4
  • Свети Николе 230, активни 118
  • Кичево 182, активни 112
  • Ресен 146, активни 19
  • Неготино 30, активни 10 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1845 теста се преку: ИЈЗ-853, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-174, Биотек-282, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-181, Систина со PCR метода -141, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-42, Инфективна клиника-6, ГАК-6. Досега во земјата се направени вкупно 111791 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.