Дневна агенда на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев

На 31 август 2020 (понеделник), со почеток во 09:00 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе се случи официјално примопредавање на функцијата претседател на Владата помеѓу досегашниот технички премиер Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев.

Со почеток во 13:00 часот, премиерот Зоран Заев заедно со владиниот состав ќе присуствува на протоколарен прием од страна на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски во Вила Водно.

Во 14:00 часот премиерот Зоран Заев заедно со владиниот економски тим ќе има средба со претставници на четири стопански комори во просториите на Стопанска комора на Македонија, во сала број 4 на 5-ти кат. 
 

Календар Влада: 
Monday, August 31, 2020 - 00:00 to 23:45