Најава и повик за акредитација за прославата по повод 8 Септември - Денот на независноста

Ве известуваме дека свеченоста по повод Денот на независноста - 8 Септември, во организација на Владата на Република Северна Македонија, годинава ќе се одржи во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.

Централната прослава по повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на нашата татковина на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев започнува во 10:00 часот во дворот на Владата на Република Северна Македонија и ќе трае до 10:45 часот.

Претходно, Владина делегација предводена од премиерот Заев придружуван од првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски, заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Мила Царовска, министерка за образование и наука и Јагода Шахпаска министерка за труд и социјална политика, во 8:00 часот ќе положи свежо цвеќе на гробиштата „Бутел“, на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Ги покануваме заинтересираните медиуми да испратат сниматели и фоторепортери за инсерти и фотографии од положувањето на венци на гробиштата во Бутел. (положување на споменикот на Борис Трајковски, почеток 8:00 часот и 8:30 часот положување на венци на гробот на Киро Глигоров).

Заинтересираните претставници на медиумите за следење на централната прослава во дворот на Владата на Република Северна Македонија потребно е да се акредитираат на следниот линк: https://forms.gle/BEzmBxRxwyP7AN7s8 најдоцна до понеделник, (7.9.2020 година) до 15:00 часот.

Забелешка: Акредитираните медиумски работници, кои ќе го следат централниот настан на платото пред зградата на Владата, потребно е да пристигнат во Владиниот медија центар до 9:00 часот, заради обезбедување на почитување на здравствено-безбедносните процедури.

Календар Влада: 
Tuesday, September 8, 2020 - 10:00 to 10:45