Соопштение од Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека денеска, 9.9.2020 година (среда), од 70 функционални градинки кои имаат 311 објекти на ниво на држава, само еден објект кој е дел од градинката „Рахилка Гонева“ од Свети Николе не е отворен денес за прием и згрижување на деца.

Според информациите од оваа градинка, се чека да се направи тестирање за Ковид-19 на едно вработено лице. По што, ќе се донесе одлука за отворање на овој објект.

Во сите останати детски градинки згрижувањето на децата се одвива непречено согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинувањето на вонредната состојба, донесен од Владата на 29.05.2020 година.