Премиерот Заев се сретна со швајцарската амбасадорка Техада: Билатералната соработка е извонредна, продолжуваме со реализација на заеднички проекти за економски просперитет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија  Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Н.Е. Сибил Зутер Техада.

На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми како политичката состојба во државата, по одржувањето на парламентарните избори при што беше оценето дека тие беа одржани во демократска атмосфера и граѓаните покажаа висока политичка култура изјаснувајќи се за остварување на главните приоритети, НАТО и Европската Унија.

На средбата беше оценето дека со демократски одржаните избори беше испратена позитивна порака на регионално ниво и Владата и во наредниот четиригодишен мандат ќе продолжи кон подобрување на економската состојба на граѓаните и модернизирање на државата.

Премиерот Заев и швајцарската амбасадорка Техада ја оценија билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна, изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и просперитетот на државата.