Првиот заменик-претседател Груби и министрите Филипче и Нуредини утре во посета на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на 19.09.2020 година (сабота), со почеток во 10:00 часот ќе ја посетат Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата.

Календар Влада: 
Сабота, Септември 19, 2020 - 10:00 to 11:30