Присуство на заменик-претседателот на Владата Љупчо Николовски на презентација на проект „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“

На 24.09.2020 година (четврток) со почеток во 13:30 часот, во хотелот „Мериот“, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ќе присуствува на презентацијата на проектот  „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“ спроведен од Државната комисија за спречување на корупција и Транспаренси Интернешнл-Македонија.

 

Календар Влада: 
Четврток, Септември 24, 2020 - 13:30 to 14:30