МТСП: 11 Октомври Денот на народното востание (недела) е државен празник. Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2020 година (недела), Денот на народното востание, е државен празник.

Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.