Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 9-тата седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 9-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата ќе ја разгледа Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа година, во која се донесува нова дополнителна подмерка за директни плаќања за произведено и предадено грозје за сортите: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кадарка во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, согласно претходно донесен заклучок.

На седницата ќе биде разгледана и Предлог-одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија во 2021 година како прв чекор во спроведувањето на процесот на стратешко планирање 2021-2023 и операционализација на Програмата за работа на Владата во периодот 2020-2024 година.

Редовната 9-та седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.
 

Календар Влада: 
Tuesday, October 6, 2020 - 12:00 to Wednesday, October 7, 2020 - 12:45