Обраќање на премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Ве известуваме дека обраќањето на премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, во организација на Владата на Република Северна Македонија, под слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!“ кое ќе се одржи на Спомен - Костурницата во Куманово со почеток во 11:00 часот, ќе може да го проследите во живо на следниот линк: https://youtu.be/EYETTaCio4Y или на фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев, како и на фејсбук страницата на Владата.

Чествувањето годинава ќе се одржи во посебни услови согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.