Oдлука за распишување оглас за именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Велес

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
27.10.2020

Врз основа на член 19 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2007 и 104/2015), а во врска со Одлуката за определување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.3/2008, 215/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2019), Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 6 октомври 2020 година, донесе

О Д Л У К А
за распишување Оглас за именување на еден државен правобранител во 
Државното правобранителство на Република Северна Македонија 
за подрачјето на Велес

1. Се огласува именување на еден државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Велес.

2. За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Велес, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е дипломиран правник со работно искуство на правни работи најмалку пет години по положен правосуден испит и да ужива углед за вршење на функцијата.

3. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во член 20 од Законот за државното правобранителство пријавата со потребните документи во оригинал или копија заверена на нотар, да ги поднесат до архивата на Владата на Република Северна Македонија, или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Оглас за именување државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Велес“, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“ и „Коха “.

4. Оваа одлука ќе се објави во: „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“ и „Коха “.