Владата ќе ја одржи 12-тата седница

Владата на Република Северна Македонија вечерва ќе ја одржи својата редовна 12-та седница, која  ќе се одржи преку видеоконференциска врска.

На дневен ред на оваа седница се повеќе теми од економските мерки за справување со последиците од КОВИД-19 и од образованието.

За одлуките од седницата, која ќе започне во 20:00 часот, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.

Календар Влада: 
Среда, Октомври 14, 2020 - 20:00 to 21:00