ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2020 за вработување на (6) извршители за пополнување на посебни работни места во кабинетите на замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија заради извршување на работни задачи на посебни советници

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.10.2020

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 5 и алинеја 7, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019 и 14/2020), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015,  72/2015 , 129/2015,27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија бр.04 8432/1 од 18.9.2020 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2020
за вработување на (6) извршители за пополнување на посебни работни места во кабинетите на замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија заради извршување на работни задачи на посебни советници

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, поради потребата од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во:

  • Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и 
  • Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, 

а со цел извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 6 лица на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следниве позиции:

1. Посебен советник за координација на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Техничко технолошки науки;
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2);
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;
  • работа за време на неделен одмор,
  • работа за време на празници утврдени со закон и
  • работа подолго од полното работно време, заради извршување на итни и неодложни работи. 

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;
Нето плата 54.000,00 денари.

2. Посебен советник за борба против корупцијата и криминалот во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

3. Посебен советник за човечки ресурси и одржлив развој во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника и информатички технологии;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

4. Посебен советник за анализа и следење на деловното окружување во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции;
Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки (новинарство);
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

5.    Посебен советник за анализа и следење на структурните реформи во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки или Организациони науки и управување (менаџмент);
  • одлично познавање на албански и англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • Работно искуство во раководење на проекти- минимум на среден менаџмент и 
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 54.000,00 денари.

6. Посебен советник за следење на проекти помогнати од меѓународната заедница во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок; 
Нето плата 42.000,00 денари.

Покрај потребните квалификации предвидени за секоја позиција одделно кандидатите треба да ги исполнуваат и следните:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: 

  • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место;
  • доказ за бараното работно искуство;
  • диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
  • доказ за познавање англиски јазик/меѓународно признат сертификат; 
  • доказ за познавање на компјутерски вештини;
  • соодветен доказ за посебните критериуми кои се бараат за работното место.

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

  • Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
  • Сектор за човечки ресурси
  • бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
  • (со назнака „за оглас за вработување посебни советници“)
  • на другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. 

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.