Владата на Северна Македонија денеска ќе ја одржи 16-тата редовна седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација ќе ја одржи редовната 16-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

На предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди, членовите на Владата на дневен ред за разгледување го имаат Извештајот за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа Програмата за работа на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

На денешната седница, која е закажана со почеток во 12:30 часот, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за потребата од обезбедување на дополнителни средства за Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светската банка.

Календар Влада: 
Tuesday, October 27, 2020 - 12:30 to 13:30