Зоран Маневски – заменик-министер за економија
Зоран Маневски е роден 1957 година во Куманово.
По образование е дипломиран економист.
Во текот на професионалната кариера е раководител на финансиско-комерцијалниот сектор во ЈП „Водовод“- Куманово.
Ја извршува функцијата државен секретар во Министерството за економија.
Работи како помошник-директор во ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово.
Ја извршува функцијата државен советник во Министерството за транспорт и врски.
Ангажиран е како државен секретар во Министерството за транспорт и врски.
Во два четиригодишни мандати Маневски е советник во Општина Куманово и член на Комисијата за урбанизам и градежништво во Советот на Општина Куманово. Член е и на
Комисијата за буџет и финансирање во Совет на Општина Куманово.
Од септември 2020 година ја извршува функцијата заменик- министер за економија.
Оженет е, татко на две полнолетни деца.